Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ, соопштија вечерва од партијата.
Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре.
Сега на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“, стои во соопштението.
ИЗДВОЕНИ

Повторно ќе им се суди на директорите за пожарот во Модуларната болница

За аферата со очната установа: Болницата реагира дека нема оштетени, поранешен пациент им враќа, не ми дадовте извештај и баравте кеш

Три пресметки за животниот стандард, една реалност – македонските плати најниски во Европа

Македонија поместува планини за милиметар напред, Бугарија со закована позиција







