Заминувањето на Леброн Џејмс означи почеток на нова ера во Лос Анџелес лејкерс, а целосната лидерска улога сега му припадна на Лука Дончиќ. Словенечкиот ас, кој пристигна во тимот во големата размена во февруари 2025 година, веќе беше еден од главните носители на играта, но по разделбата со Џејмс, стана неприкосновен лидер на франшизата.

Според новинарот на ЕСПН, Дејв Мекменамин, Дончиќ во август ќе организира четиридневен мини камп во својата татковина, на кој ќе присуствува целиот тим на Лејкерс. Планот вклучува заеднички тренинзи, голф, дружење и обиколка на Љубљана, со цел дополнително да се зацврсти тимската хемија пред новата сезона.

Пред Дончиќ е исклучително важна сезона. Минатата беше меѓу главните фаворити за МВП- признанието, но сериозната повреда на предниот вкрстен лигамент во април ја прекина неговата сезона. Поради тоа не настапи во плејофот, каде што беше елиминиран Лејкерс во полуфиналето на Западната конференција, од Оклахома сити тандер.

До повредата, Дончиќ играше во извонредна форма и беше најдобар стрелец во НБА во сезоната 2025/2026, со просек од 33,5 поени на натпревар, а сега ќе има можност, како лидер, да го предводи тимот кон нови успеси.

ИЗДВОЕНИ