четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатно паркирање во Центар за велигденските празници

Бесплатно паркирање во Центар за велигденските празници

26

Паркирањето во Општина Центар за време на велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани.

Утре, в недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде што наплатата ќе се одвива согласно со редовниот режим.

Согласно со програмата за неработни денови за 2026 година, 11.04.2026 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 14.04.2026 година (вторник) со вообичаено работно време.

ИЗДВОЕНИ