Хуманитарната организација „Свети Спас“, в понеделник, во 12:00 часот, ќе организира Велигденска забава за сите на Школка, во Градски парк.
Оваа манифестација ќе се одржи со благослов на архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан и со институцијална поддршка на Град Скопје и на скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.
–Овој забавен настан има за цел да ја афирмира хуманоста, солидарноста и заедништвото како темелни општествени вредности, обединувајќи ги сите во духот на Велигден и дарувањето – соопштија од хуманитарната организација „Свети Спас“.
На забавата, учество ќе земат повеќе музички ѕвезди: Христијан Настески – ПАЈАК, Антонија Гиговска, ДЈ Марјан Мац Петровски,Таско, групата „2Бона“,ДЈ Боно, Даниел Дан, Јована Богдановска, Андријана Петрушевска, Нина Јанева, Јоце Панов, Миле Кумановски, Сузана Спасовска, членовите на „Златно Славејче“, Нела Манчевска,Тамара Грујеска, Кико Магико…
Водител на настанот ќе биде Тони Михајловски.
За најмалите ќе има многу изненадувања, а хуманитарна организација „Свети Спас“ ќе се погрижи за велигденски пакетчиња и јајца.
Од хуманитарната организација „Свети Спас“ ги покануваат граѓаните да присуствуваат и да бидат дел од оваа хуманитарна манифестација, преку која заеднички ќе се испрати пораката за љубов, вера надеж и солидарност.












