вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатна проекција на филмот „Тетовирање“ во Драчево

Бесплатна проекција на филмот „Тетовирање“ во Драчево

38

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотеката на Македонија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов.

Проекцијата ќе се одржи в четврток, во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19:00 часот.

Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети.

– Граѓаните може да резервираат место во периодот од 7 до 9 април, од 7:30 до 15:30 часот, на следниве телефонски броеви: 075/380-928 (Даниела) и 071/804-474 (Верица).

Овој настан е дел од иницијативата на Општина Кисела Вода за зајакнување на културната понуда во овој дел од градот, со фокус на презентацијата на значајни остварувања од домашната кинематографија.

ИЗДВОЕНИ