Граѓаните и посетителите на Општина Берово може да се поврзат на бесплатен јавен вај-фај на градскиот плоштад ,,Димитар Беровски“.
Од Општина Берово соопштија дека ВАЈ-ФАЈ мрежата е поставена во рамкиТЕ на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и ОД Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ, како дел од проектот EU4Digital.
-Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Македонија и НА Западен Балкан. Нашата општина ќе биде една од петстотините во регионот што ќе добијат WiFi4WB-мрежа, по примерот на ЕУ-програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен Интернет на 7.000 локации низ Европската Унија. Сите граѓани и посетители може да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет-врска – информираат од локалната самоуправа, нагласувајќи дека со оваа поддршка Општина Берово продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.












