петок, јуни 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Привремен сообраќаен режим утре во Претор, крај Преспанското Езеро

Привремен сообраќаен режим утре во Претор, крај Преспанското Езеро

19

Општина Ресен известува дека утре од 6:00 до 12:00 часот, во Претор, на брегот на Преспанското Езеро, ќе има привремен сообраќаен режим поради организирање рекреативна трка.

Од Секторот за односи со јавност нагласуваат дека влезот преку селото Асамати кон Претор ќе биде отворен само за возилата за итни случаи и за возилата на тимот.

– За паркирање на возилата ќе се користат посебно обележани локации, кои ќе може да се користат до 8:30 часот, а привремениот режим на сообраќај ќе го регулира сообраќајна полиција, чии насоки треба задолжително да се следат – нагласуваат од Општина Ресен.

Организаторот на трката, здружението „Преспа хаб Ресен“, информира дека ќе учествуваат млади од Преспа и од регионот, за кои е одредена посебна патека.

ИЗДВОЕНИ