Просечната цена на обичниот бензин во Соединетите Американски Држави денес надмина 4 долари за галон (3,785 литри) за прв пат од август 2022 година, како резултат на конфликтот на Блискиот Исток.
Според Американската автомобилска асоцијација, просечната малопродажна цена на бензинот е 4,018 долари, што е зголемување од повеќе од еден долар од почетокот на војната, кога цената беше 2,98 долари за галон, објави Блумберг.
Војната во Иран го наруши глобалниот транспорт на ресурси на нафта и гас, вклучително и речиси целосното затворање на клучниот Хормуски Проток.












