Белорусија, која поседува руско нуклеарно оружје, денес објави дека спроведува обука за нивна употреба.
„Целта на вежбата е да се подобри нивото на обука на персоналот, да се тестира подготвеноста на воздухопловните сили за извршување задачи и да се организираат борбени операции од непланирани области“, соопшти белоруското Министерство за одбрана.
Министерството изјави дека воената вежба не е директно насочена против која било држава, ниту претставува безбедносна закана во регионот, објави „Ројтерс“.
Рускиот претседател Владимир Путин постојано повторуваше дека Москва ја задржува контролата врз нуклеарното оружје распоредено во Белорусија.












