сабота, јули 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нема експерт во државава кој ќе каже дали мазутот од истрагата бил...

Нема експерт во државава кој ќе каже дали мазутот од истрагата бил опасен по животната средина

259

Истрагата за екоцид на мазутот од ТЕЦ Неготино не е запрена информираат од ОЈОГОКК. Мазутот чии набавки не беа спорни за обвинителството за организиран криминал, е друга постапката која се однесува за испитување на составот и неговото евентуално влијание врз животната средина.

” Истрагата е издвоена и по неа активно се постапува”, велат од ОЈОГОКК

Проблемот е во тоа што нема експерт во државава кој ќе го прочитаат вештачењето направено во Србија.

“По добиеното вештачење од Р.Србија, обвинителството побара номинација на експерти од областа на заштита на животната средина од повеќе високообразовни институции со цел да го протолкуваат вештачењето во насока дали составот на мазутот за кој се добиени вештачења има влијание врз животната средина. Дел од институциите веќе известија дека не располагаат со стручен кадар кој може да даде толкување на наодите од вештачењето, а постапката за обезбедување соодветна експертиза и натаму продолжува. Доколку не се најде експерт во државава ќе биде побаран од странство”, соопштуваат од обвинителството.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција минатата недела донесе наредба за запирање на истрагата за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, во која беа опфатени 13 лица, меѓу кои и Васко Ковачевски, бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на компанијата РКМ и газдата на „Пуцко петрол“. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ