Почнувајќи од 22 ноември, сезоната на Стрелецот извлекува 4 хороскопски знаци од емоционална стагнација. Дознајте кои знаци можат да очекуваат пари, љубов и храброст за нови почетоци.
Со почетокот на сезоната на Стрелецот на 22 ноември, четири хороскопски знаци ќе излезат од состојба на емоционална стагнација. Помина речиси една година откако некоја планета се задржала во овој огнен знак. Сега, кога Сонцето пристигна, конечно можеме да здивнеме.
Ако ви недостасуваше мотивација или постојано се чувствувавте потиштено, оваа оптимистичка енергија е токму она што ви треба за повторно да се пронајдете себеси. „Сезоната на Стрелецот ни носи светлина“, вели астрологот Меј. „Таа ќе ни ја врати вербата.“ Пред нас е време на надеж и чуда. Подгответе се.
Стрелец: Сонцето во вашиот знак нема да ви дозволи да стоите во место
Добредојдовте во перидотот на владеењето на вашиот знак, Стрелци! Со Сонцето во вашиот знак, нема шанси долго да останете заглавени во емоционална стагнација – тоа едноставно не е можно. Оваа енергија носи динамика и изобилство од позитивност. „Се враќате кон своето вистинско јас“, вели Меј. „Сега е полесно да ги манифестирате своите желби, бидејќи силен бран на животна енергија навлегува во вашиот свет.“
Ако на ова се додаде и Полната месечина во Близнаци, животот станува уште поубав. Оваа енергија ве поттикнува да излезете меѓу луѓето; дружењето со пријателите е токму она што ви треба за да ја подобрите вашата ментална состојба. „Преку други луѓе може да се појават возбудливи можности“, додава астрологот, „а можеби дури и состанок од кој срцето ќе ви зачука со неверојатна брзина.“ Само по себе, ова е доволно возбудливо, но добрите вибрации не застануваат тука. Со влегувањето на Марс во знакот Девица, успех ве очекува и на професионален план. Ако размислувавте да пробате нешто ново, сега е совршениот момент. Стремете се кон работата од соништата или реализирајте ја онаа креативна идеја што сте ја чувале длабоко во себе. Сонувајте големи соништа и искористете ја максимално вашата сезона – сега сè е можно!
Скорпија: Ви претстои месец исполнет со пари и многу внимание
Честитки, Скорпии! Според Меј, пред вас е „месец на парите“. Може ли да биде подобро од ова? Без разлика дали станува збор за покачување на платата или неочекуван финансиски добиток, изобилството доаѓа кај вас. Токму тоа ви е потребно за да го подигнете расположението и да се ослободите од емоционалната стагнација во која сте западнале.
Кога Венера ќе влезе во вашиот знак на 4 декември, сите погледи ќе бидат вперени во вас – а тоа сигурно нема да ви пречи! Изгледате одлично, се чувствувате уште подобро и со задоволство ќе прифатите малку дополнително внимание.
На 11 декември, Сатурн започнува директно движење низ знакот Овен, помагајќи ви да преземете конкретни чекори напред. „Ова ќе даде залет за сè што сакате да постигнете на професионален план“, забележува астрологот. „Сега е совршеното време да бидете забележани, да добиете признание и да напредувате во кариерата.“ Ве очекуваат само убави работи!
Девица: Сонцето во Стрелец и Марс ве туркаат напред
Наскоро ќе заблескате во полн сјај, Девици. Емоционална стагнација? За што станува збор? Пристигна сезоната на Стрелец, а штом Марс ќе влезе во вашиот знак на 26 ноември, ништо нема да може да ве запре. Никој не може да ви застане на патот сега. „Марс е движечка сила“, објаснува Меј. „Тој иницира и започнува нови работи.“ Со Марс во вашиот знак, тоа значи дека прецизно ќе ги надминете пречките и ќе ги остварите своите цели.
Сепак, пред тоа, ве очекува полна месечина во знакот Близнаци. „Подгответе се за значајна пресвртница во кариерата, унапредување и можност да се ослободите од нешто што ве кочело“, додава астрологот. Одеднаш, границите престануваат да постојат. Сè што ќе замислите, ќе се оствари – друг исход едноставно нема.
Близнаци: Полна месечина во вашиот знак ги раскинува старите окови
Предолго стоите во место, Близнаци – а тоа едноставно не е во вашата природа. За среќа, пристигна сезоната на Стрелецот, а полната месечина во вашиот знак на 24 ноември ќе ви ја пружи потребната поддршка. „Ова е исклучително моќна полна месечина која ќе ви помогне да се ослободите од нешто што долго време ве држело заробени“, вели Меј.
Не плашете се да преземете ризик и навистина да ги изненадите оние околу вас. Колку сте похрабри, толку повеќе можности создавате за себе – особено кога станува збор за вашиот љубовен живот, бидејќи на повидок се нови почетоци. Радувајте им се!












