недела, ноември 22, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Конфликтот со Иран ќе продолжи и по Нова година доколку не...

Трамп: Конфликтот со Иран ќе продолжи и по Нова година доколку не се постигне договор

0
EPA/JIM LO SCALZO

САД би можеле да продолжат со воените операции против Иран и по Нова година, доколку не се постигне договор меѓу Вашингтон и Техеран, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи дека тековните индиректни преговори со Исламската Република не даваат конкретни резултати.

Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека разговорите со Иран се во тек, но дека двете страни остануваат „заглавени во преговори и ограничени напади, без притоа да го доведат конфликтот до крај“.

„Ќе ја продолжиме војната против Иран и по Нова година, доколку не се постигне договор“, изјави Трамп, додавајќи дека во моментов нема знаци оти Техеран е подготвен за склучување договор.

Американскиот претседател ги обвини иранските преговарачи за одолговлекување на разговорите и избегнување конкретни договори.

„Тие постојано разговараат, но се многу вешти во избегнувањето одговорност“, рече Трамп, оценувајќи дека Иран во моментов е поагресивен отколку што беше пред американските избори.

Осврнувајќи се на американската поморска блокада на иранските пристаништа, Трамп го предупреди Техеран дека американските сили ќе ги потопат иранските пловила доколку се обидат да ја пробијат блокадата.

„Ако се обидат да ја пробијат, ќе завршат на дното на морето, исто како и остатокот од иранската морнарица“, рече американскиот претседател.

Тој додаде дека американските сили ќе отворат оган врз иранските бродови доколку се обидат да ја тестираат поморската блокада, пренесува „Танјуг“. Неговите изјави доаѓаат во време на тековен конфликт меѓу американските и иранските сили, во услови на зголемени тензии во Ормускиот теснец и меѓусебни воени напади.

ИЗДВОЕНИ