Како што беше најавено, денеска во 16:30 часот под мотото „Придружете им се на студентите – сите со еден глас“ пред Камениот мост во Скопје започна протестот на албански студенти, кои бараат да се полага правосудниот испит на албански јазик.
„Обединете се со студентите – сите заедно“, гласи слоганот на протестот, кој е втор протест организиран од албански студенти како резултат на, како што велат, отфрлањето на нивното барање од страна на министерот за правда.
На денешниот протест беа истакнати повеќе транспаренти со политички и националистички пораки и се носеа албански знамиња, како и знамиња на ЕУ и САД.М
Меѓу пораките на транспарентите можеше да се прочита: „Студентите не се предаваат“, „Овој јазик има маченици зад себе“, „Не ми ја допирајте иднината“, „Знаењето нема забранет јазик“…
Овој протест следува по еден долг период на незадоволство и студентски иницијативи, вклучувајќи го и протестот одржан на 6 април 2026 година во Скопје, каде што илјадници студенти и граѓани Албанци побараа почитување на јазичните права и можност за полагање на испитот на албански јазик.
Студентите Албанци вчера побараа поддршка од спортисти, уметници и други јавни личности.
Фото:П.Стојановски
















