EPA/CHRISTOPHER NEUNDORF

Каталонскиот ракометен гигант, Барселона се искачи на европскиот трон по дванаесетти пат во историјата, откако го совладаа бундеслигашот Фуксе Берлин со 37:34 (20:16) во финалето на Лигата на шампионите.

Шпанскиот тим прикажа одлична игра во двете полувремиња, а откако ја создаде првата поголема предност од шест голови во 39. Минута беше јасно кој ќе го крене пехарот на крајот од натпреварот.

Германците се обидоа да сторат нешто повеќе, „се разбуди“ и Матијас Гидсел, кој стигна до петтиот погодок во овој дел од натпреварот, но јасно беше дека мисијата ќе биде многу тешка до крајот.

Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Луиш Фраде со стопроцентен учинок (7/7), а на спротивната страна, осум погодоци постигна Матијас Гидсел.

-Искрено, чувството е неверојатно. По она што се случи вчера во полуфиналето, каде што мораше да играме продолжение, речиси и да немавме време повторно да се концентрираме, но сепак, го направивме тоа. Сите денес завршија неверојатна работа – нашите голмани, нашата одбрана не пропуштија ништо да помине. Одлично завршена работа од првата минута. Можеме да бидеме многу горди на себе, бидејќи победата на овој натпревар не беше лесна, изјави по мечот пикерот на Барселона, Луиш Фраде.

Истото не можеше да го каже левото крило на германскиот тим Тим Фрајхефнер.

-Навистина, навистина лошо се чувствувам. Како да боли. Бевме блиску, но во исто време, чувствувавме дека Барса е секогаш на врвот. Навистина дадовме сè од себе во текот на викендот, навистина се обидовме, но понекогаш, едноставно не успевате. Сигурен сум дека ќе бидеме горди за неколку дена, но навистина, во моментов поразот многу не боли, кажа Фрајхефнер.

Гаридо Васкез постигна неверојатни 12 голови, а Пунтас и Рејес постигна седум кај Барселона. Иванчик со седум беше најефикасен кај поразениот тим

Словенечкиот репрезентативец Домен Макуц беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалето. За Макуц ова беше совршен начин да се прости од Барселона пред летниот трансфер во Кил. Словенечкиот организатор на играта одигра извонреден натпревар и беше еден од клучните фактори во походот на Барса до европскиот врв, иако не беше најефикасниот играч во составот.

ИЗДВОЕНИ