Во рамки на градежните активности во УЗ „Бардовци“, Општина Карпош постави ново, современо и енергетски ефикасно улично осветлување.
Од Опшина Карпош велат дека на улиците „5“, „6“ и „7“ се поставени 38 нови светилки со моќност од 35 вати, додека на улицата „1687“ поставени се дополнителни 11 нови светилки, исто така со моќност од 35 вати.
-Новото осветлување ќе обезбеди подобра видливост на јавните површини, поголема безбедност за граѓаните и поефикасна потрошувачка на електрична енергија – нагласуваат од локалната самоуправа.












