Белоруската тенисерка Арина Сабаленка повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат не поради некој потег на теренот или нов спортски успех, туку поради непријатен инцидент за време на телевизиски пренос.

Една од најголемите ѕвезди во светскиот тенис позираше пред камерите во промотивен клип за преносот на ВТА-финалето од Индијан Велс, испраќајќи бакнежи и уживајќи во вниманието на публиката.

Сепак, зад камерите се случи нешто што предизвика бурни реакции. Микрофонот на телевизиската мрежа „beIN Sports“ останал вклучен, па гледачите можеле да го слушнат новинарот Метју Солие како упатува навредлив коментар кон белоруската тенисерка.

  • Гледај, гледај, гледај – колку е одвратна, се слуша во снимката која набрзо се прошири на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aryna Sabalenka (@arynasabalenka)

Реакциите не изостанаа, а еден од раководителите на телевизиската мрежа, Флоран Узо веднаш се огласи со извинување и јавно го осуди однесувањето на новинарот.

  • Жалам за коментарите изречени во живо и најостро ги осудувам. Ваквите забелешки не ги одразуваат вредностите на нашата мрежа. Посветени сме на тоа сите спортисти и соработници да ги третираме со почит, порача Узо.

Сабаленка засега не го коментираше инцидентот бидејќи вниманието го насочила кон настапот на завршниот турнир и обидот сезоната да ја заврши со позитивен резултат.

Белорусинката е една од најпрепознатливите личности во женскиот тенис, со 5,7 милиони следбеници на „Инстаграм“. Нејзините активности надвор од теренот, вклучително и појавувањата на модни настани, често предизвикуваат коментари дека премногу внимание посветува на популарноста.

Таа, пак, ги отфрла таквите критики и тврди дека тренира исто толку напорно како и претходно, а социјалните мрежи ги користи како начин да се опушти и да се ослободи од притисокот.

 

ИЗДВОЕНИ