Автобус што превезувал млади спортисти на натпревар во Унгарија рано утрово свртел во спротивната лента, се лизнал од патот и удрил во дрво.
Возачот загинал, а 23 од 28 патници биле повредени, соопшти унгарската полиција, која ја истражува причината за несреќата.
Несреќата се случила во близина на градот Хирд во југозападна Унгарија. Автобусот превезувал 19 млади спортисти од часот по аеробик на блиското спортско училиште Печ, како и тројца тренери, шест родители и возачот.
Автобусот ги превезувал учениците во вториот круг од натпреварот во главниот град Будимпешта.
Во објава на „Фејсбук“, унгарскиот претседател Тамаш Шулок изрази сочувство до семејството на починатиот возач и им посака брзо закрепнување на повредените, пренесе „Бета“.












