петок, јули 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Фатална сообраќајна несреќа на улица „Пластичарска“ во Скопје: По судир на патничко...

Фатална сообраќајна несреќа на улица „Пластичарска“ во Скопје: По судир на патничко возило и два мотоцикли, загина 19-годишно момче

184

Тешка сообраќајна несреќа што се случила во саботата вечер на крстосницата меѓу булеварот Никола Карев и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје одзеде живот на 19-годишно момче.

Според соопштението на Министерство за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 22:21 часот, а во неа учествувале патничко возило „Ауди А4“ и два мотоцикли.

Како последица на судирот, тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот „БМВ“, М.Ф. (19) од Скопје. Младиот скопјанец итно бил пренесен на укажување медицинска помош во болница, но им подлегнал на повредите здобиени во несреќата.

ИЗДВОЕНИ