вторник, ноември 3, 2026
Дома СВЕТ САД го запираат финансирањето на Израел

САД го запираат финансирањето на Израел

0

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека постигнал договор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според кој Вашингтон ќе престане да обезбедува финансиски средства за Израел, почнувајќи од крајот на оваа година.

„Што се однесува до исплатите кон Израел, јас и Биби Нетанјаху постигнавме договор да му обезбедуваме на Израел четири милијарди долари годишно, но пред неколку месеци се договоривме тоа да го прекинеме“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Трамп напомена дека веќе е договорено САД да го запрат финансирањето на Израел до крајот на оваа година. „Сепак, ќе продолжиме да му помагаме на Израел доколку му е потребна помош“, додаде Трамп.

Од 1946 година, САД му имаат обезбедено на Израел вкупна помош од приближно 175 милијарди долари, при што најголемиот дел од овие средства бил наменет за воена поддршка.

Според тековниот десетгодишен договор, кој го опфаќа периодот од 2019 до 2028 година, САД издвојуваат 3,8 милијарди долари годишно за Израел – од кои 3,3 милијарди долари се наменети за воена помош, а 500 милиони долари за ракетна одбрана.

ИЗДВОЕНИ