Авион што летал од Хургада до Минхен извршил итно слетување на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград откако екипажот пријавил чад во кабината, објави „Блиц“.
Според извештаите, авионот слетал пред некое време, а патниците во моментов се евакуираат.
Ситуацијата засега се чини дека е стабилна, додека надлежните служби спроведуваат безбедносни процедури на аеродромот.
Засега нема информации за повредени или што го предизвикало чадот во кабината.












