Во галерискиот простор на Македонскиот КИЦ во Софија е отворена самостојната изложба „Дамки“ на македонскиот уметник Перо Кованцалиев, автор кој преку својот препознатлив визуелен јазик и експериментален пристап создава дела со длабока филозофска, општествена и еколошка димензија, што остава силен впечаток со својата концептуална зрелост и автентична визуелна енергија.

На отворањето на изложбата се обрати директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, кој во своето обраќање истакна дека изложбата „Дамки“ претставува исклучително значаен современ уметнички проект што отвора важни прашања за човекот, општеството и светот во кој живееме. Тој нагласи дека делата на Кованцалиев носат силна симболика и ретка визуелна чувствителност, при што уметноста се јавува како простор на критичка мисла, духовна рефлексија и современа културна свест. Кон изложбата се осврна и Македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси-Поповска.

Изложбата „Дамки“ е составена од серија цртежи и објекти во кои Кованцалиев развива специфичен ликовен процес заснован врз согорување на текстилен отпад и фиксирање на микрочестичките од чадот врз различни површини.

ИЗДВОЕНИ