петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Авганистан и Пакистан објавија прекин на огнот во пресрет на празникот Рамазан...

Авганистан и Пакистан објавија прекин на огнот во пресрет на празникот Рамазан Бајрам

102
Фото:википедија

Авганистан и Пакистан објавија привремен прекин на огнот во борбите во петок пред Бајрам, кој го означува крајот на месецот на постот Рамазан.

Двете земји изјавија дека прекинот на огнот го побарале Саудиска Арабија, Турција и Катар.

Пред два дена, авганистанските власти изјавија дека пакистански воздушен напад ја погодил болницата за рехабилитација од дрога во Кабул, при што загинале стотици.

Властите во Кабул одржаа масовен погреб за некои од жртвите од експлозиите во болницата.

Пакистан вели дека не ја таргетирале болницата Омид и дека неговите цели во Кабул и источен Авганистан биле воени цели. Исто така, рече дека тврдењата на авганистанските власти за стотици смртни случаи се пропаганда.

Исламабад беше првиот што прогласи прекин на огнот, по што следеше авганистанската влада.

Пакистанската влада соопшти дека прекинот на огнот ќе започне на полноќ вечерва и ќе остане на сила до полноќ во понеделник, но предупреди дека секој напад од авганистанска страна ќе доведе до итно продолжување на непријателствата, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ