Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денес изјави дека пловидбата низ Ормускиот теснец ќе биде целосно отворена за сите комерцијални бродови во текот на преостанатиот период од прекинот на огнот, во согласност со договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Израел и Либан.
„Преминувањето на бродовите низ теснецот ќе биде дозволено по координирана рута, како што веќе објави Иранската поморска организација“, напиша тој на платформата „Икс“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа објави дека Израел и Либан ќе започнат десетдневен прекин на огнот.
Иран претходно објави дека Либан мора да биде вклучен во секој договор за прекин на огнот меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга страна, пренесува „Танјуг“.












