Испораката на руска нафта во Унгарија преку нафтоводот „Дружба“ би можела да продолжи следната недела, изјави денес победникот на унгарските парламентарни избори, Петер Маѓар.
Маѓар им кажа на новинарите дека извршниот директор на МОЛ, Жолт Хернади, го информирал за продолжувањето на испораките и дека следната недела ќе ја посети Русија за да разговара за снабдувањето со нафта, според порталот investing.com.
„Не е доволно само да се рестартира нафтоводот „Дружба“. Исто така е потребно нафта да тече низ него“, рече Маѓар.
Нафтоводот „Дружба“, кој ја носи руската нафта преку Украина до централна Европа, е надвор од употреба од јануари, кога беше оштетен во напад со руски беспилотни летала, пренесе „Бета“.












