недела, ноември 15, 2026
Дома СВЕТ Бајден во мемоарите: Зеленски не покажа благодарност

Бајден во мемоарите: Зеленски не покажа благодарност

0

Во своите нови мемоари, поранешниот американски претседател Џо Бајден ги открива приватните ставови на Ангела Меркел за Доналд Трамп – мислења што поранешната германска канцеларка ги споделила со него зад затворени врати.

Според „Њузвик“ (Newsweek), извадоци од книгата на Бајден за неговиот престој во Белата куќа опишуваат како, на почетокот на 2021 година – набргу откако Бајден ја презеде функцијата – Меркел отворено зборувала за својот проблематичен однос со Трамп.

Според кажувањето на Бајден, поранешната германска канцеларка го опишала Трамп како „емотивен“ и изразила сомнеж во врска со неговата фасцинација од рускиот претседател Владимир Путин и други авторитарни лидери.

Бајден наведува дека Меркел била особено фрустрирана од однесувањето на Трамп за време на состаноците.

Нејзе ѝ пречела неговата одбивност кон ракувањето, како и фактот што неговото носење одлуки било водено од лични импулси, а не од утврдени факти.

Во мемоарите се опишува и неговиот однос со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Бајден пишува дека првично се прашувал дали Зеленски поседува искуство и издржливост потребни за справување со воена криза од такви размери.

Иако на крајот го пофалил Зеленски како воен лидер, тој напоменува дека нивниот однос повремено бил напнат. Истакнал дека украинскиот лидер знаел да биде „непредвидлив и тврдоглав“, како и дека „не бил толку благодарен колку што се очекувало“ додека барал дополнително оружје и помош од Вашингтон.

ИЗДВОЕНИ