недела, ноември 15, 2026
Дома МАГАЗИН Музика, илјадници спомени и емоции што не згаснуваат: Коки Јанков прослави три...

Музика, илјадници спомени и емоции што не згаснуваат: Коки Јанков прослави три децении музичка приказна/ФОТО

1
Фото: П. Стојановски

Три децении музика, пријателство и спомени што не избледуваат. Со концертот „30 години виолина и гитара“ во Филхармонијата, музичарот Коки Јанков не одбележа само три децении музичко творештво туку и испиша уште една страница од приказната во која музиката е многу повеќе. Во Македонската филхармонија одекнуваа спомените, емоциите, пријателството меѓу двајцата музичари, Коки и Дуле, кое со години се преточуваше во песни.

 

Ова пријателство остави неизбришлива трага на македонската музичка сцена, продолжувајќи да живее преку секоја песна, секој стих и секој спомен.

Со Коки на сцената беа Игор Џамбазов, Бојана Скендеровска, Ристо Самарџиев, Зоран Илиев и Јована Богдановска, како и бројни музичари, кои ја направија оваа вечер вистински музички празник.

Со Коки на сцената застана и внукот на Дуле, кој засвири токму на неговата гитара. Во тие мигови, како повторно да оживеаја сите заеднички ноти, патувања, насмевки и приказни што ги создаваа.

Музиката стана мост меѓу споменот и вечноста, покажувајќи дека иако некои луѓе  повеќе не се покрај нас, нивната музика никогаш не се заборава. Таа останува во срцата и во спомените на секој оној што барем еднаш запеал нивна песна.

Ова не беше само јубилеен концерт туку и вечер на благодарност, љубов, почит и на сеќавање.

Коки потсети дека најубавите приказни не се мерат со години, туку со трагата што оставаат во срцата на луѓето.

ИЗДВОЕНИ