среда, ноември 18, 2026
Дома БАЛКАН „Ер Србија“ предупреди на нарушувања во одвивањето на летовите поради лоши временски...

„Ер Србија“ предупреди на нарушувања во одвивањето на летовите поради лоши временски услови

0
Фото:википедија

Авиокомпанијата „Ер Србија“ ја извести јавноста дека, поради лошите временски услови во Белград, во текот на попладнето и вечерта може да дојде до доцнења и нарушувања во планираното одвивање на сообраќајот.

Во соопштението се наведува дека „лошите временски услови влијаат и на одредени активности на земја – вклучувајќи го качувањето и симнувањето на патниците, како и ракувањето со багажот – што може да доведе до дополнителни оперативни потешкотии“.

Од авиокомпанијата изразија жалење за евентуалните непријатности што можат да ги предизвикаат овие околности.

„Надлежните тимови преземаат сè што е во нивна моќ за да го минимизираат влијанието врз патниците – притоа одржувајќи ги највисоките безбедносни стандарди – и да овозможат одвивањето на летовите да продолжи што е можно поблиску до редовниот распоред“, се додава во соопштението, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ