Чешката тенисерка Маркета Вондрушова беше суспендирана четири години поради одбивање на допинг тест. Јаник Синер беше казнет само три месеци, иако двапати не го помина тестот за допинг. И, по сè што се случи, Серена Вилијамс даде изјава што предизвика итен одговор од Агенцијата за интегритет на тенисот (ITIA), која тесно соработува со Антидопинг-агенцијата (WADA).
„Ужасно е, ги сменија правилата. Не знаев за некои од правилата. Очигледно, ако не го поминете тестот надвор од тој прозорец“ што ви го даваат, се смета како да сте го пропуштиле. Затоа не можам да одам да ги земам моите деца. Го мразам тоа. Разбирам дека постои потреба и контрола, но ако одам надвор од тој ’прозорец’ на некои други места, треба да можам да одам и тоа не се смета за пропуштен тест“, рече Серена.
Американката се врати на теренот на 45-годишна возраст по четиригодишно пензионирање. Таа загуби од Маја Џоинт, па ладно се ракуваше со својата соперничка. Потоа одби да присуствува на прес-конференција, откривајќи дека има проблем со коленото и не знае дали ќе може да игра двојки на Вимблдон со нејзината сестра Венус.
Веднаш по изјавата на Серена дојде реакција од луѓето задолжени за антидопинг-контрола.
„Ако тестерот не може да направи тест во предвиденото време, тогаш тоа се смета за ’пропуштено’ и три такви ситуации можат да доведат до казна. Но, ако тестерот не може да го направи тестот надвор од тоа однапред одредено време, тогаш тоа не се смета за пропуштен тест. Разбираме дека овој систем може да биде предизвикувачки, но ние сме тука за да ги заштитиме играчите, а не да ги ’сопнеме’. Ако играчите не се сигурни или имаат прашања, секогаш сме тука да разговараме со нив директно или преку нивните агенти“, се наведува во соопштението.
Тие само заборавија да објаснат дека истите правила не важат за сите и дека е различно ако сте, да речеме, Јаник Синер…












