Компанијата „Амазон“ ќе инвестира една милијарда долари во центри за податоци.
Според изјавата на извршниот директор на „Амазон“, Мет Гарман, компанијата веќе потрошила иста сума за истата намена во текот на изминатите три години.
Гарман истакна дека „Амазон“ повеќе не бара од владините агенции со кои соработува на проекти да потпишуваат договори за доверливост, како и дека организира јавни собири во заедниците каде што работи за да сподели информации за своите активности.
Тој исто така предупреди на ширењето на она што го смета за дезинформации во врска со влијанието на центрите за податоци врз животната средина и нивното влијание врз цените на енергијата, нагласувајќи ги ризиците што произлегуваат од повеќе од 100 предлози низ земјата за воведување мораториум на изградбата на вакви центри.
„Изградбата на центри за податоци е итна потреба бидејќи не сме единствената земја што ги препознава придобивките од вештачката интелигенција за економијата и националната безбедност“, напиша Гарман, пренесе „Бета“.











