петок, октомври 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Муцунски официјално побарал средба со бугарската министерка за надворешни работи следната недела...

Муцунски официјално побарал средба со бугарската министерка за надворешни работи следната недела во Софија

14
Фото:фб

Од Министереството за надворешни работи и надворешна трговија потврдија дека денеска е побарана средба меѓу министерот за надорешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, којашто би се одржала следната недела на маргините на министерскиот состанок посветен на Коридорот 8, пренесува МИА.

Ако биде прифатена, средбата ќе се организира веќе следната недела во Софија на маргините на министерскиот состанок посветен на Коридорот 8.

Иницијативата доаѓа по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска (2 октомври) на Скопје, која го советувала премиерот Христијан Мицкоски да се побара билатерална средба меѓу министрите на двете држави.

„Од претседателката добив совет – веќе следната недела нашиот министер за надворешни работи и надворешна трговија е во Софија, причина за тоа е Коридорот 8 и проектите коишто ги движиме во рамките на тој Коридор 8, да побараме од домаќинот средба на билатерална основа. Јас веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара време за средба и состанок со неговата колешка и да почнеме, процесот од некаде да го движиме“, изјави премиерот.

 

ИЗДВОЕНИ