петок, октомври 2, 2026
Дома СВЕТ САД распоредуваат уште две батерии „Патриот“ во Саудиска Арабија и Катар

САД распоредуваат уште две батерии „Патриот“ во Саудиска Арабија и Катар

0
Фото: EPA/YAHYA ARHAB

Американската војска неодамна распореди две дополнителни батерии на системот за ракетна одбрана „Патриот“ во Саудиска Арабија и Катар за да ги заштити локалните нафтени и гасни постројки, според двајца американски претставници и регионален извор кои разговарале со новинската агенција „Аксиос“.

Според извештајот, распоредувањето се случило минатиот месец.

Исто така, се забележува дека САД ќе треба да го користат саудискиот воздушен простор доколку повторно започнат значајни операции против Иран, но дека таков пристап веројатно ќе биде одбиен доколку Ријад процени дека неговите енергетски постројки би можеле да бидат изложени на ирански напади.

ИЗДВОЕНИ