петок, октомври 2, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Путин ги засилува нападите врз Киев пред изборите во САД

Зеленски: Путин ги засилува нападите врз Киев пред изборите во САД

21
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија во последните недели ги засилува нападите врз Киев, оценувајќи дека целта на Москва е да посее хаос и да го принуди населението да избега од украинскиот главен град; тој исто така предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел дополнително да го ескалира конфликтот пред ноемвриските избори за Конгресот на САД.

„Тактиката на Путин е да го ескалира конфликтот што е можно повеќе, и тој ќе го стори тоа. Како што се приближуваат изборите за Конгресот на САД, тој ќе го прави тоа сè почесто“, рече Зеленски во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“.

Според Зеленски, во Киев дневно се регистрираат меѓу 300 и 500 напади, без оглед на времето од денот.

„Запомнете дека во 2022 година, неговата цел беше да ги принуди луѓето да го напуштат главниот град за да покаже дека ако немате главен град, немате држава. Но, нашата земја е повеќе од само главниот град, а главниот град останува силен“, рече украинскиот претседател.

Во интервјуто за шпанскиот весник, Зеленски исто така истакна дека Русија гаѓа невоени објекти лоцирани далеку од линијата на фронтот. Целта на нападите, според проценката на Зеленски, е да се парализира градот и да се спречи населението да оди на работа, а децата да посетуваат училиште и градинка. Украина одговара на руската ескалација со оправдани мерки со долг дострел
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина одговара на руската ескалација со оправдани мерки со долг дострел.

„Речиси секојдневно се постигнуваат значајни резултати. Во изминатите 24 часа беа погодени нафтени постројки во регионите Самара и Волгоград“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „Икс“.

Тој истакна дека биле спроведени успешни операции во Црното Море, како и во регионите Воронеж, Нижни Новгород, Волгоград, Самара и Краснодар, при што биле погодени аеродроми, индустриски објекти, рафинерии за нафта, ракетно-вселенски центар и складиште за муниција. „Им се заблагодарувам на припадниците на Службата за безбедност на Украина, на Одбранбената разузнавачка служба на Украина, на Силите за беспилотни системи, на Силите за специјални операции и на Службата за надворешно разузнавање за нивната прецизност и професионалност“, заклучи тој.

ИЗДВОЕНИ