недела, јули 12, 2026
Дома КУЛТУРА Александра Војводиќ-Јововиќ е „Актер на Европа 2026“ на Фестивалот во Ресен

Александра Војводиќ-Јововиќ е „Актер на Европа 2026“ на Фестивалот во Ресен

37

Актерката Александра Војводиќ-Јововиќ од Црна Гора, која во Сарајот во Ресен ја одигра претставата „Aurura Amoris“, според Владимир Мајаковски, во режија на Горан Бјелановиќ, е годинешен добитник на фестивалското признание „Актерот на Европа 2026“, што го доделува истоимениот фестивал во Ресен. Според жирито, нејзината интерпретација претставува редок спој на врвна вокална техника, сценска експресија и уметничка чувствителност, создавајќи силно и незаборавно театарско доживување. За истата претстава, на режисерот Горан Бјелановиќ во Ресен му беше доделена наградата за најдобра режија „Жал Лакариер“.

Меѓународното жири, наградата за најдобра претстава ја додели на Алтернативниот театар „Пробатон“ за претставата „Камења во неговите џебови“, а признанието „Преспански Дионис“ годинава ѝ припадна на претставата „Кученцето се насмеа“, во продукција на „Спам студиос“ од Софија, Република Бугарија. За најдобра сценска интерпретација е наградена македонската актерка Снежана Коневска-Руси за улогата во претставата „Бивир… (Да се преживее)“, во продукција на Македонскиот народен театар и „Арт-култ-ура“! Според жирито, таа понуди актерско остварување со исклучителна уметничка зрелост, емотивна длабочина и сценска сугестивност, кое ја потврдува моќта на актерската уметност да ја пренесе најсуштинската човечка вистина

ИЗДВОЕНИ