
Врховниот водач на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи изјави денеска дека одмаздата е не избежна по смртта на неговиот татко кој беше убиен на 28 февруари во израелско-американските воздушни напади, првиот ден од војната против Иран, пренесе тамошната агенција „Ирна“.
Ајатолахот се огласи во писмена порака и тоа е негова прва јавна изјава пд погребот на неговиот татко.
„Му кажувам на нашиот водач маченик дека се колнеме дека ќе ја осветиме неговата чиста крв и крвта на сите маченици на овие две војни, кои ја пролеаја криминалците и нечесните убијци“, напиша Моџтаба Хамнеи, кој беше именуван во март, но оттогаш се нема појавено во јавноста.
„Оветата е волја на нашата нација и мора неизбежно да биде спорведена. Овие криминаци, чии имиња се на списокот, ќе ја понесат во гробот желбата за мирна смрт во своите кревети, додаде Хамнеи.
Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Ирна во петокот дека планира негов атентат, враќајќи се на воената реторика и ушт еднаш ветувајќи дека ќе ја уништиу земјата, по прекинот на примирјето меѓу двете земји.
„Наредбите се веќе дадени и американската војска е подготвена, вољна и способна, во период од една година, кој може да се продолжи, да го десеткува и целосно да го уништи секој регион на Иран“, напиша американскиот претседател на својата платформа „Трут соушал“.











