петок, ноември 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Досега поднесени две апликации за наградата – Патрон на градот „Св. Климент...

Досега поднесени две апликации за наградата – Патрон на градот „Св. Климент Охридски” и шест за повелбата

1

Две апликации за највисокото општинско признание, наградата – Патрон на градот „Св. Климент Охридски” и шест за повелбата пристигнале до Општина Охрид по објавените конкурси за 2026 година.

Рокот за аплицирање истекува во понеделник, по што Комисија ќе ги разгледува пристигнатите предлози и ќе донесе одлука за добитниците.

Конкурси за доделување на награда и повелби се објавуваат секоја година, по повод 8 Декември, „Св. Климент Охридски“. Наградата се доделува за животно дело, односно за долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот. Се доделува на еден добитник, само еднаш. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година, а може да се додели максимум на пет добитници.

Минатата година, најпрестижното општинско признание, наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ постхумно му беше доделена на новинарот, публицист и хроничар, Владимир Ангеличин-Жура, додека добитници на повелба беа НУ „Завод и Музеј“ од Охрид, Јорданка Матова, „Силви бенд“, Даниел Јовески и музичката група „Бекдор бенд“.

ИЗДВОЕНИ