Познатиот македонски актер, Едмонд Сотир, кој е родум од Корча, Албанија, е новиот директор на Театар Комедија, објавија од оваа национална установа. Примопредавањето на функцијата е направено вчера, а вработените му посакаа успешна работа.

Едмонд Сотир е актер во Театар Комедија уште од самото основање во 2012 година, а на местото директор доаѓа откако му заврши раководната функција на драматургот Дарко Спасов. Спасов беше директор од 2022 година. Иако во февруари 2023 поднесе оставка, таа не беше прифатена од тогашната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Инаку, Едмонд Сотир има речиси дведецениска актерска кариера. Тој е организатор на фестивалот „Македонско културно лето“, кој се одржува во Општина Пустец, Албанија и кој ги поврзува различните заедници во Преспа. Има реализирано повеќе театарски и филмски улоги.

Фото: Дарко Спасов и Едмонд Сотир (десно)

 

ИЗДВОЕНИ