четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Акција за подигање на непрописно паркираните возила кај пазарот

Акција за подигање на непрописно паркираните возила кај пазарот

2285

Општина Гази Баба, во координација со МВР и со ЈП „Градски паркинг“, спроведе акција за подигање на возилата што беа непрописно паркирани на јавни површини, тротоари и коловози во околината на пазарот во населбата Ченто.

– Со ваквото несовесно паркирање, се попречува движењето на возилата, јавниот превоз и пешаците, а воедно се создава и небезбедна сообраќајна средина – потенцираат од Општина Гази Баба.

Оттаму порачаа дека нема да има толеранција на узурпацијата на јавниот простор и на непрописното паркирање.

– Јавните површини мора да останат проодни и достапни за сите граѓани. Ваквите контроли и акции ќе продолжат и во наредниот период и на други локации во Општината, со цел воспоставување ред во сообраќајот и поголема безбедност за сите учесници – велат од локалната самоуправа.

Притоа, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да не паркираат на тротоарите и коловозите и да покажат поголема сообраќајна култура.

ИЗДВОЕНИ