Напредува изградбата на новиот мост во кавадаречкото село Марена. Градежните активности на мостот преку реката Луда Мара се одвиваат со засилено темпо, а проектот постепено ја добива својата финална форма, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев.
Станува збор за современ мост со две коловозни ленти и со тротоари од двете страни, со вкупна ширина од 8,5 метри.
Мостот се гради со поддршка од Министерството за транспорт, во износ од 12 милиони денари.
– Овој инфраструктурен проект ќе донесе поголема безбедност во сообраќајот, подобра поврзаност и поквалитетни услови за жителите на Марена – истакна Јанчев.












