четврток, ноември 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Едната ја држела, другата ја горела со цигара: Вознемирувачки напад врз малолетничка...

Едната ја држела, другата ја горела со цигара: Вознемирувачки напад врз малолетничка во Кавадарци

0

Малолетничка била физички нападната од две други малолетнички во Кавадарци, при што едната ја држела, додека другата ја горела со цигара. Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.

Според пријавата, настанот се случил на 16 ноември, на улицата „Сремски Фронт“ во Кавадарци.

Мајката Е.К. (35) од Кавадарци го пријавила случајот на 18 ноември во 22:30 часот во ОВР Кавадарци, посочувајќи дека нејзината малолетна ќерка била нападната од две малолетнички.

„Едната ја држела, а другата ја горела со цигара“, соопштија од СВР Велес.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Кавадарци. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

ИЗДВОЕНИ