„Работиме на подобро поврзување на луѓето за иднината. Бугарија служи како европска порта кон регионот на Црното Море и Турција. Западен Балкан овде игра клучна улога во поврзувањето“, изјави Кос на меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија.
Според неа, на Западен Балкан моментално се спроведуваат повеќе од 130 проекти кои опфаќаат изградба на нови патишта и железнички линии, како и надградба на граничните премини.
Сепак, Кос истакна дека нејзината визија оди подалеку од развојот на инфраструктурата.
„Верувам дека еден ден целиот Западен Балкан ќе биде дел од нашата Европа“, рече европската комесарка.
Таа додаде дека, во тоа сценарио, граничните премини и патиштата нема да го имаат истото значење како денес бидејќи, како што наведе, регионот ќе биде дел од „Европа што соработува“.
„Тоа е визијата на која работиме во Брисел, овде во Софија, на Западен Балкан и, се разбира, во земјите-членки“, рече Кос.
Кос е во работна посета на Бугарија и учествува на меѓународната министерска конференција за Коридорот 6 во Софија, чиј домаќин е бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова. Предвидена е и средба со бугарскиот премиер Румен Радев, пренесе „Бета“.












