четврток, октомври 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Муцунски: Позициите меѓу двете земји се значително оддалечени

Муцунски: Позициите меѓу двете земји се значително оддалечени

46
Како конструктивна и одржана во позитивен дух, македонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски, ја оцени билатералната средба со министерката за надворешни работи на  Бугарија, Велислава Петрова-Чамова. Муцунски потенцира дека позициите на двете страни и натаму остануваат значително оддалечени. Во однос на европската интеграција, Муцунски посочи дека меѓу двете страни постои висок степен на недоверба, која, од наша перспектива, е поврзана со предвидливоста на процесот и со досегашното искуство со билатералните барања.
 -Нашите позиции се апсолутно јасни. Стратешки интерес и на Бугарија е ние да се движиме напред по европскиот пат. Но, ние сме земја која низ годините постојано се соочувала со билатерални барања. Кога ќе се затворело едно билатерално прашање, потоа се отворало ново, истакна Муцунски.
Од македонското МНР соопштија дека на средбата било разговарано и за продолжување на дијалогот меѓу двете држави во периодот што следи, при што била потврдена подготвеноста комуникацијата да продолжи и покрај постојните разлики во позициите.
 -Министерот нагласи дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и културата не смеат да претставуваат пречка на европскиот пат. Тој истакна дека без дијалог не може да се дојде до решение, но и дека самиот дијалог не е гаранција за надминување на разликите, стои во соопштението.

ИЗДВОЕНИ