вторник, септември 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Антикорупциска отвори предмет за прославата на независноста

Антикорупциска отвори предмет за прославата на независноста

0

Прославата за независноста се претвори во скандал откако стана јасно дека за неа се потрошени големи пари, дека е договарана под маса и дека не се знае кому и колку се исплатени сретства од над петте милиони евра. СДСМ и други опозициски партии со денови бараат да се испита организирањето на прославата, од тоа како парите биле поделени по ставки и колку добил секој изведувач.

Ќе се испитува и членството во надворешната комисија која ја извршила евалуацијата на програмата за настаните, а која била доставена на стотина страници од страна на фирмата „Стардаст“ која ги доби средствата за организирање на настаните, вклучително и за централниот настан, концерот на Давид Гета. Претседателот на Комисијата која ја извршила евалуацијата бил Николче Мицевски, кој подоцна се јавува како автор на оркестрациите на Хосе Карерас, кој беше дел од програмата.По утврдувањето на фактичката состојба, ДКСК ќе донесе одлука на јавна седница.

Непознато останува исто така дали Собранието на акционери на Лотарија донело одлука да се спонзорираат 4,8 милиони евра од нераспределената добивка од 2024 година како што бара Законот за трговски друштва, или без таква одлука, само по укажување од владина седница – ги дало парите.

СДСМ практично бараше истрага да отвори јавното обвинителство, бидејќи ДКСК досега само ги амнестираше владините скандали или го трошеше времето додека стивне вревата и излезат од фокусот. Преку соопштение од партијата порачаа дека станува збор за огромни народни пари, а власта ги крие одлуките, договорите, анексите, фактурите и исплатите и практично крие од граѓаните каде ги потрошиле нивните пари.

„Крие, за да не се дознаат провизиите, криминалите, матните зделки, да не се дознае дека во нивните џебови завршија 5,5 милиони евра. Граѓаните ја платија сметката за Мицкоски и не може да се крие. Сега Јавното обвинителство мора веднаш да отвори истрага, да ја обезбеди целокупната документација и да го следи текот на парите и начинот на кој се носеле одлуките.

Владата ѝ наложила на Државната лотарија да ја организира и финансира прославата. Ако Владата постапувала како претставник на државата во својство на акционер, каде е одлуката на Собранието на акционери? Затоа што мора да ја има согласно закон. Тоа е клучна, појдовна точка. Кој орган одобрил да се потрошат над 300 милиони денари, на која седница била донесена одлуката, кој гласал за неа и врз основа на кој закон.

Второ, е јавниот повик. Тој траел само пет работни дена и пристигнала само една понуда. Повикот завршил на 8 мај, а само три дена подоцна власта веќе го најавила настапот на Дејвид Гета.Значи обвинителството треба да утврди дали условите биле однапред приспособени и дека организаторот бил однапред избран, договорен и платен.

Обвинителството мора да утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога бил договорен, кој го договорил и кога бил исплатен. Колку заработиле „Стардаст“, односно „Авалон“, и како биле вршени исплатите додека компанијата имала блокирана сметка. Јавноста мора да добие одговор и каде завршиле приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали за овие приходи бил платен данок. Премногу матни зделки. Премногу сокриени информации. Премногу неодговорени прашања.А потрошени се 5,5 милиони евра за прослава за која арамијата Мицкоски ги излажа граѓаните дека чини „нула денари“, порачаа од СДСМ.

ИЗДВОЕНИ