вторник, септември 15, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Најлошото сценарио: „Волстрит џурнал“ предупредува на глобален недостиг на гориво

Најлошото сценарио: „Волстрит џурнал“ предупредува на глобален недостиг на гориво

36
EPA/HENRY CHIRINOS

Според „Волстрит џурнал“, затворањето на Ормускиот теснец веќе предизвика глобална криза со гориво.

Се известува дека раководителите на американските нафтени компании со месеци предупредувале оти затворањето на теснецот би можело да доведе до криза со гориво. Во меѓувреме, комерцијалните резерви на гориво ширум светот опаѓаат веќе повеќе од шест месеци.

„Според раководителите на нафтените компании, таа криза сега е настапена“, се наведува во написот.

Според весникот, капацитетот за користење на стратешките резерви на гориво е веќе речиси исцрпен. Оштетувањето на нафтовод во Саудиска Арабија резултираше со загуба од приближно 2,5 милиони барели нафта дневно.

Вчера беше објавено дека супертанкерот „Ел Гала“ налетал на мина во Ормускиот Теснец. Експлозијата се случила додека бродот се обидувал да помине низ зона со ограничен пристап во рамките на теснецот.

ИЗДВОЕНИ