четврток, јули 23, 2026
Дома СПОРТ Ако нешто изгледа и мириса на с*ање, тоа е с*ање

Ако нешто изгледа и мириса на с*ање, тоа е с*ање

134
epa13121934 Lionel Messi of Argentina shows disappointment during the awards ceremony after the FIFA World Cup 2026 final match Spain against Argentina, in East Rutherford, New Jersey, USA, 19 July 2026. EPA/WILL OLIVER

Поранешниот репрезентативец на Англија, а сега стручен коментатор, Гери Невил, го опиша настапот на Аргентина во финалето на Светското првенство како „само с*ање“ во остра анализа по нејзиниот пораз од Шпанија. Тимот, предводен од Лионел Меси, се обидуваше да стане само третиот тим во историјата што ја одбранил титулата на Светското првенство, но не успеа да упати удар кон голот на натпреварот на кој доминираа неговите противници до второто продолжение.

Иако се бранеа силно и го држеа резултатот на 0:0 до голот на Феран Торес во 106. минута, Аргентинците беа критикувани за својата агресивна и груба игра. Зборувајќи во поткастот „Stick to Football“, Невил рече: „Реков дека им се восхитувам на почетокот. Но, да бидеме искрени, играа ужасно. Пофалби за нив што воопшто останаа во играта, но играа како последно парче с*ање“.

Невил, исто така, тврди дека Аргентина никогаш немаше да стигне до второто финале по ред без брилијантната игра на Меси, кој постигна осум гола на патот до финалето во Њу Џерси.

– Ако нешто изгледа и мириса на с*ање, тоа е с*ање. Она што го видовме во финалето беше слаб настап, а тие имаа лоши игри и претходно. Сепак, тие имаат неверојатна хемија и борбен дух што ги носи, а во нападот имаат прекрасен играч, кој создава предност. Без него, како што реков за минатогодишниот турнир, веројатно, би се мачеле да стигнат до оваа фаза – заврши Невил.

 

ИЗДВОЕНИ