На 26 јули, оддаваме почит на сите изгубени животи, на болката што засекогаш остана дел од меморијата на градот и на солидарноста што му помогна на Скопје повторно да застане на нозе.

Сеќавањето е поглед кон минатото, обврска да го чуваме белегот на трагедијата, но и духот што ги обедини скопјани.

Духот што нè научи дека по секое искушение следува нов почеток, дека градот живее преку своите луѓе, преку заедништвото, песната, надежта и љубовта.

Токму затоа концертот ,,Скопје радост моја”, не е прослава на еден настан, туку почит кон животот што победи.

Кон сите генерации што не дозволија трагедијата да го одземе духот на Скопје, туку продолжија да создаваат, да се дружат, да сонуваат и да градат подобар град.

Со безвременските песни на Драган Мијалковски ќе се потсетиме на едно Скопје кое знаеше да ја претвори тишината во музика, а болката во сила.

Не забораваме.

Се поклонуваме пред минатото.

И со истата љубов продолжуваме да го градиме Скопје – похумано, помодерно и полно со живот.

ИЗДВОЕНИ