сабота, септември 12, 2026
Дома СВЕТ Пезешкијан: За понеделник е закажан состанок за пловидбата низ Ормуз – се...

Пезешкијан: За понеделник е закажан состанок за пловидбата низ Ормуз – се очекува потпишување договор за заедничка поморска рута

0
Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Министрите за надворешни работи на арапските земји во понеделник ќе се состанат во Мускат за да разговараат за воспоставување безбедна поморска рута меѓу Иран и Оман преку Ормускиот теснец, соопшти иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Пезешкијан рече дека на состанокот се очекува потпишување договор за заедничката поморска рута и дека Меѓународната поморска организација ќе биде информирана за исходот, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Тој додаде дека на состанокот ќе присуствуваат и претставници од земји чии територии биле користени од САД за изведување напади врз Иран.

Осврнувајќи се на американската блокада и економскиот притисок врз Техеран, Пезешкијан оцени дека Вашингтон не успеал да ги постигне своите цели со воени средства и затоа прибегнал кон економски мерки.

„Не успеаја да ги постигнат своите цели преку војна, па се свртеа кон економски притисок, но ние нема да запреме“, рече Пезешкијан.

Тој истакна дека Иран не зависи целосно од поморските рути и наведе дека теснецот Ормуз повторно ќе се отвори штом САД ќе ги прекинат блокадата и нападите врз Иран.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека Оман ќе биде домаќин на регионален министерски состанок на кој ќе присуствуваат претставници од осумте држави што граничат со Персискиот Залив.

Според него, разговорите ќе се фокусираат на регионалните прашања и на резултатите од преговорите меѓу Иран и Оман во врска со одредувањето безбедни рути за комерцијални бродови низ Ормускиот теснец.

ИЗДВОЕНИ