Oд Општината информираат дека со новата услуга, граѓаните може да ја следат состојбата на 30 локации во Општината, каде што се поставени мерни уреди за бучава, и да проверат на својот компјутер дали се измерените вредности во законски дозволените граници.

– Пристапот е едноставен: потребно е граѓаните да се регистрираат на порталот, да кликнат на „Категории“ и да ја изберат опцијата „Мониторинг на бучава“. Со избирањето на секоја локација, се прикажуваат просечните измерени вредности на бучавата по час, како и просечната дневна вредност за периодот од 19:00 до 7:00 часот во текот на претходниот ден – објаснуваат општинските власти

 

Општина Центар е првата општина во државата што им овозможува на граѓаните директен дигитален увид во мерењето на бучавата преку општинскиот ГИС-портал.

Од Општината информираат дека со новата услуга, граѓаните може да ја следат состојбата на 30 локации во Општината, каде што се поставени мерни уреди за бучава, и да проверат на својот компјутер дали се измерените вредности во законски дозволените граници.

– Пристапот е едноставен: потребно е граѓаните да се регистрираат на порталот, да кликнат на „Категории“ и да ја изберат опцијата „Мониторинг на бучава“. Со избирањето на секоја локација, се прикажуваат просечните измерени вредности на бучавата по час, како и просечната дневна вредност за периодот од 19:00 до 7:00 часот во текот на претходниот ден – објаснуваат општинските власти.

Притоа, додаваат дека мерењето се изразува во децибели, на скала од 0 до 145, а секое мерење е обележано со боја индикатор. Црвената боја означува надминување на законски дозволената граница на бучава.
Како што наведуваат локалните  власти, проектот се реализирал во две фази, така што прво биле поставени 30 уреди на локациите каде што граѓаните најчесто пријавувале проблеми, а сега, со поврзувањето со ГИС-порталот, мерењето е јавно достапно.

– Ова е уште едно исполнето предизборно ветување. Како што ветив, воведовме паметен систем за мерење на бучавата. Прецизно ги мапиравме најгорливите точки, а сега секој граѓанин може сам да се увери во нивото на бучава во Општината и во својата непосредна околина, како и да алармира кога ќе забележи надминување на дозволените граници. Доволно е да се најави на нашиот ГИС-портал, мерењето сега е целосно транспарентно – рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Воедно, добиените податоци од мониторингот се индикативни и за општинските инспектори, кои врз основа на нив може да излезат на терен и да извршат проверки на конкретните локации.

Општина Центар планира за во иднина проширување на системот за мониторинг со нови локации, согласно со барањата на жителите.

– Поставување на овој дигитален систем е само уште еден чекор кон целосна дигитализација на општинските услуги – нагласуваат од локалната самоуправа.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ