Вчера во 11:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Ш. (21) од Прилеп.
Тој претходно на крстосницата од улиците „Кузман Јосифоски“ и „Ладо Лапецот“, управувајќи возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки, учествувал во сообраќајна незгода со службено патничко возило на МВР „Пежо“, управувано од В.И. (31) од прилепско. Во незгодата била причинета материјална штета.
По преземени мерки, било утврдено дека Е.Ш. го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.












