вторник, август 4, 2026
Дома МАГАЗИН Се бара забрана за скопскиот концерт на “скандалозната“ Јелена Карлеуша!

Се бара забрана за скопскиот концерт на “скандалозната“ Јелена Карлеуша!

1

Воедно има и многу наши сограѓани кои ја подржуваат Карлеуша. Велат, дека “Јеца отсекогаш ја сака Македонија. Зборувала сè најдобро за нашата земјата…“, “Македонците ја обожаваат Карлеуша, така да во Скопје и во другите градови не треба да има никакви забрани  за нејзините концерти

Балканската поп-дива, Јелена Карлеуша, по подолга пауза се врати на музичката сцена со три нови песни и три нови спота кои веднаш се искачија на самиот врв на сите листи во поранешната Југославија. Но тоа не е доволно, Карлеуша да одржи свој спектакуларен концерт во Скопје. Закажан е за 17-ти октомври во спортската сала “Јане Сандански“. Во оваа сала Јелена имаше пред две године одличен концерт, исполнет до последно место. Спектакл кој се уште се памти!

Подобро кажано, со онлајн-петиција од граѓаните се бара забрана за настапот на “мала од скандала“. Според медиумите, Јелена се соочува со сериозен проблем, и ако самата вели дека е тоа “гнасна смејурија на некој си кој собира лајкови па, има потреба од пет минутна популарност“.  Меѓутоа, до откажувањето на скопскиот концерт може лесно да дојде. Тоа да не ве зачуди. Како причина се наведува дека пејачката „промовира сатанизам уништувајќи ја верата“. Во коментарите под самата таа иницијатива за збрана се води голема “тепачка“. Кој ќе победи, не се знае? Затоа што има и многу наши сограѓани кои ја подржуваат Карлеуша. Велат, дека “Јеца отсекогаш ја сака Македонија. Секогаш максимално навиваше за сите пејачи од Македонија во шоуто “Ѕвездите на Гранд“. Зборувала сè најдобро за нашата земјата…“, “Македонците ја обожаваат Карлеуша, така да во Скопје и во другите градови не треба да има никакви забрани за нејзините концерти“.Меѓутоа, српските медиуми потсетуваат дека ова не е првпат Карлеуша да се соочува со вакви граѓански иницијативи за збарани, и не само во Македонија. Минатото лето тоа беше во Хрватска, ова лето во БиХ.  За нејзиниот настап во босанскиот клуб „Аква“ (закажан за 8 август 2026 година), се бара забрана. Дури и тамошниот Министер за надворешни работи Елмедин Конаковиќ, побара од МВР да ја спроведат забраната за нејзиното пеење.

Ништо подобри не е ниту во родната земја на Карлеуша, во Србија. Веќе 14.000 граѓани потпишаа петиција против нејзиниот ангажман за Нова година во Крагуевац. Народот бара парите да се пренаменат за настраданите во Нови Сад. –Нема што таа вештерка да заработува на грбот на народот, порачаа граѓаните од Шумадија. Сепак, Јелена е убедена дека ќе има концерти, а забраните веднаш самите по себе, ќе се истопат со првиот снег.  (Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ