Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ги известува граѓаните дека утре, по повод државниот празник – Ден на македонската револуционерна борба, шалтерите за наплата и рекламации во дирекцијата на претпријатието нема да работат.
Со редовно работно време ќе се продолжи од 24.10.2026 година (сабота).
Воедно, од претпријатието ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација“, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите.
Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk. Пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk.












